199
Товарен воз кој превезувал опасни материјали излета од шините во западна Аризона во средата вечерта, објави „Њујорк Тајмс“, повикувајќи се на локалните власти.
Канцеларијата на шерифот на округот Мохаве, во близина на границата на американската сојузна држава со Калифорнија и Невада, сè уште не соопшти дали има излевање на токсични материи, објави „Ројтерс“.
На почетокот на февруари, товарен воз на компанијата Norfolk Southern излета од шините во Охајо превезувајќи десетици вагони полни со опасни хемикалии. Инцидентот предизвикал пожар и експлозија.
Во атмосферата околу градот Источна Палестина се пронајдени опасни материи, поради што државата Охајо поднесе тужба, а истражува и Националниот одбор за безбедност на транспортот.