АРМ го одби последното барање на Украина за донација на воена опрема

од Nikola Popovski
237 прегледи

Македонија го одбила последното барање од Украина за донација на воена опрема. Ова вчера го изјави министерката за одбрана, Славјанка Петровска.

Барањето било испратено пред еден месец.

-Да, има ново барање, но во моментов не можеме да одговориме позитивно на барањето, рекла Петровска на брифинг со новинарите. Според Петровска, македонската Армија има потреба од бараната потреба и затоа во моментов не може да се донира.

Министерката сепак додала дека има подготвеност за нова обука на украински војници на македонска територија.

-Засега Република Северна Македонија, армијата и министерството остануваат отворени, доколку во иднина се појави потреба од дополнителна обука на дополнителен број нивни припадници. Но, во овој момент немаме најава, односно немаме конкретно побарување за колкав број припадници на украинската војска и каков вид обука ќе бидат извршени, рекла Петровска.

Македонија во неколку наврати ѝ донираше на Украина тенкови, борбени хеликоптери и муниција која не се користеше.

Слични содржини