Македонската армија нарачала од Турција три батерии за вкупно 18 хаубици „Боран“ калибар 105 милиметри, а договорот предвидува првото вид од ваквото оружје да биде испорачано за две години.
Според порталот „Балканска безбедносна мрежа“, АРМ целосно ќе ја превооружи својата единствена артилериска дивизија.
Првата батерија од шестe хаубици „Боран“ ќе пристигне за две години, додека преостанатите две батерии ќе бидат испорачани во периодот од 2029 до 2031 година.
Дотогаш АРМ ќе има само една батерија на артилерија, која ќе се користи за обука и за стекнување нови техники.
-Армијата на Северна Македонија е во голем моментум на модернизација. Преку американска и германска воена помош, таа повторно се вооружува со нови борбени системи со технологија која во голема мера е наследство од Студената војна стекната од Украина во 2001 година. Во артилерија тоа ќе бидат хаубиците „Боран“, за пешадијата ќе се набават американските борбени возила „Страјкер“ и „ЈЛТВ“, а за противвоздушна одбрана францускиот ракетен систем „Мистрал 3“, пишува тој портал, пренесува српска „Бета“.