Изјавата на Мицкоски дека нема да ја употребува придавката „Северна“ нема да биде добро примена во грчките медиуми, затоа што во суштина тој имплицира двоен дискурс – дека ќе се обиде да ги имплементира и почитува Договорот, но дека нема да го употребува новото име, вели универзитетскиот професор Јанис Армаколас во емисијата „360 степени“.
Според него, Грција јасно ставила до знаење дека кога мисли на „почитување на Договорот се мисли на употребата на новото име, а не само Македонија“.
-Штом Грција ќе види како врвни политичари во земјата го употребуваат името Македонија, а не Северна Македонија, веднаш ќе реагира. Мислам дека ќе се вратиме назад на многу лошо расположение меѓу двете земји и ќе има последици, вели Армаколас.