“Армата” ќе го спојат преку флексибилен кабел со беспилотник

од desk3
67 прегледи

Борбените машини на платформата “Армата” ќе бидат вооружени со разузнавачки беспилотни летала (БПЛА), кои ќе бидат поврзани со флексибилни кабли, соопштил за весникот “Известија” Виталиј Полјански од Московскиот авијациски институт.

1479470629-rusiya-t-14-armata-prez-voda-poligon

Според изданието, лесниот безпилотник со обвивка од композитни материјали под називот “Птеродактил” е наменет да го скенира бојното поле на десетици километри наоколу, помагајќи за разјаснување на ситуацијата и насочувањето на топот. БПЛА ќе може да лебди во радиус 50-100 метри околу борбената машина и да се издига на височина неколку десетици метри.

Благодарение на влечниот флексибилен кабел БПЛА ќе може да добива електрична енергија и да се наоѓа во воздухот неограничено време. Бидејќи нема да носи акумулатор, тој ќе може да носи повеќе опрема, а ќе има радар и термовизор. Кабелска врска ќе го заштити преносот на информации.

Конструкторите се во напредна фаза на развој и се надеваат за една година да го предадат продукт на МО за истражувања. Кабелската врска веќе ги поминала тестовите.