Армијата на Хафтар објави почеток на втората фаза од нападот врз Триполи

од desk4
96 прегледи

Либиската национална армија (ЛНА) на Халифа Хафтар објави почеток на втората фаза од нападот врз Триполи, соопшти официјалниот претставник на ЛНА, Ахмед Ал Мисмари.

Ал-Мисмари на прес-конференција информира дека „ЛНА се погрижила за безбедноста на териториите и ги одредила основните и второстепените позиции на Владата на национално единство“.

Тој додаде дека ЛНА ја почнува втората фаза од нападот врз Триполи користејќи ја својата пешадија.