
На 7 февруари, заменик-началникот на Генералштабот на армијата на САД армискиот генерал Даниел Алин изјави дека само три од 58-те борбени бригади се доволно тренирани за бојно распоредување, обвинувајќи ги за тоа буџетските ограничувања. Но, и покрај тоа за ненедостаток на средства стои и неможноста армијата на САД да ги одржува подготвени сили.
Наместо тоа оставајќи ја структуратата на армијата, слична на онаа од Втората светска војна па наваму. За среќа модерното размислување и новата организација на армијата можат да свртат тенденцијата – при тоа без потреба буџетот да се зголемува.
Само пред четири години началник Генералштабот на армијата ген. Реј Одиерно изјави дека САД имаат само две тренирани бригади, за што наведе се недостатокот на средства. Армијата во никој случај не е со ограничени средства со годишен буџет од 148 милијарди долари.
Тоа е повеќе од вкупниот буџет за одбрана на Русија, Германија и Јапонија заедно. Не недостатокот на средства ја прави армијата на САД недоволно подготвена. Причината лежи во начинот на кој парите се трошат и начинот на кој службата е организирана. Русија и Кина ја разбрале менувањето на природата на војната и ги напуштија формации, родени во Втората светска војна.
Како резултатот на тоа армиите им се подобрија.
Од 2010 година руските копнени сили почнаа да ја елиминираат дивизионската структура која се користеле од Сталинградската битка во корист на повеќе помали и смртоносни комбинирани борбени формации. Анализа на руската воена реформа во американското списание “Инфантри” (пешадија) од минатата година предупреди дека “во Источна Европа Русија распоредила неочекувана верзија на хибридни војници, кои се интегрирани, синхронизирани и уништувачки и ефикасни”.
Новите руски баталјони “се карактеризираат како високо интегрирани, вонредно моќни и неверојатно мобилни”, објаснуваат авторите, посочувајќи дека тие се составени од “резерврна чета, три групи на механизирана пешадија, противтенковски чета, две или три батарии артилерија и две батарии ПВО”. На ист начин и кинеските копнени сили се реформирани и формации и се модернизираат воените доктрини.
Копнените сили на Кинеската народно освободителна армија почнаа да се реорганизираат во основни борбени формации пред повеќе од една деценија, користејќи ја предност во напредувањето на боречките технологии. Тие се повлекоа од масовни формации на маринци кон мобилни и разнолики вооружени формации. Како Русите, таака и тие се ја елиминира дивизионската структура и ја заменија со помали, повеќе смртоносни и борбени групи. Министерството за одбрана на Кина трезвено ги оценува овие трендови и нивното потенцијално користење.
Пред инвазијата на Ирак во 2003 година копнените сили на САД се подготвуваа врз конвенционалниот конпет, тренинг и фокус и имаа јасно предност пред Русија и Кина. Во годините потоа се префрли кон тактиките за борба против терористите доведе до влошување на конвенционалните боречки вештини. Што е уште поважно – САД загубија деценија, што можеше да се троши за модернизација, реорганизирање и подобрување на армијата. Предностите кои САД некогаш ја имаа пред Русија и Кина еродира. Ако не се направат промени, армијата на САД може да заостане зад нив. За среќа на хоризонтот има помош.
Во 2015 година Законот за овластување на националната одбрана создаде Национална комисија за иднината на армијата, која треба да изврши проценка за големината и структурата на идната армија. Една од клучните препораки е “Конгресот да побара тоа министерот за одбрана и од заедничката команда да извршат надзор над алтернативен дизајн на армијата и оперативните нејзините концепти – вклучувајќи и разузнавачки-ударни групи (РУГ)”. Тие ќе се елемент од трансформацијата на модел на целата армија, создаден од пензионираниот армиски генерал-полковник Даглас Мекгрегор.
РУГ ќе претставува бројат 6.000 лица, вооружена со секакви оружја и ефикасна за секакви операции борбена група која “треба да ја води промената, користејќи нови, но докажани технологии во општ и интегриран оперативен контекст”, според концептот на ген. Мекгрегор. Сенатската комисија за вооружени сили го прифати предлогот од Армијата комисии и во 2017 година беше наредено создавањето на канцеларија на РУГ која ќе моделира и ќе ја оцени ефикасноста на новата конструкција.
РУГ е организирана во рамките на детална оперативна конструкција, која комбинира при маневрирање, удар, разузнавање и можности за одржување. За разлика од сегашните армиски формации РУГ е самостојна организација која е со разнолико вооружување, вклучувајќи мобилен командат од генерал една ѕвезда, кој има суштински впечатлива енергија и подобри можности за опстанок пред сегашните боеви делови.
Русите и Кинезите веќе почнаа овој тип реформирање. РУГ, е пополнет и воден од добро дресирани американски војници и имаат потенцијал да воспостави копнените сили на САД повторно како неприкосновен земна сила на светот.
Далеку не е сигурно дека буџетските ограничувања на армијата ќе бидат кренати во скоро време и во секој случај не изгледа дека армијата ќе добие буџетскиот поттик кој го сака. Ако САД сакаат повеќе од две-три од борбени бригади подготвени за борба на постојано ниво е време да се обрне сериозно внимание на РУГ и на пошироката армиска реформа