Австрискиот напаѓач Марко Арнаутовиќ беше лут и разочаран по елиминацијата од Европското првенство против Италија (2:1 по продолженија). Во 66. минута Арнаутовиќ постигна гол кој беше поништен со одлука на ВАР поради офсајд.
– Тешко ми е да ги пронајдам вистинските зборови. Смеразговарале за оваа ВАР приказна доволно често: не можете повеќе да се израдувате на гол, секогаш мора да почекате додека некои луѓе не одлучат нешто, без разлика дали е офсајд, или гол, или фаул. Нема веќе никаква врска со фудбалот. Но, мора да го прифатиме тоа, тоа е исклучително тешко за мене лично. Бидејќи не мислам дека тие ќе се вратеа по тие 1-0. Знаеме дека тие имаат свои квалитети, дека играа добро, дека ова е силен противник, но … – изјави депресивниот Арнаутовиќ.
Австријците се бесни затоа што бараа и пенал во регуларниот дел, кога еден од нивните играчи доби удар со лакт во главата во казнениот простор, но претходно беше во офсајд.
– На крајот бевме многу добро расположени, но немавме среќа. Да имавме барем малку среќа, ќе ја победивме Италија по 90 минути. Игравме навистина добро и создадовме шанси, но можевме да завршиме подобро одредени ситуации. Секоја чест за целиот тим и за сите што учествуваа на овој турнир – додаде Арнаутовиќ.