Фудбалската репрезентација на Австрија ја победи Северна Македонија во натпреварот од првото коло од групата Ц со 3: 1, а третиот гол го постигна Марко Арнаутовиќ. Напаѓачот се најде во центарот на вниманието не поради голот, туку поради прославата на голот.
Откако ја затресе мрежата на Димитриевски, тој започна да го пцуе нашиот Езгјан Алиоски. Арнаутовиќ беше толку бесен што мораше да го смирува капитенот Давид Алаба.
Инаку, пред Арнаутовиќ, головите за австрискиот тим ги постигнаа Ланер и Грегорич, додека за Северна Македонија, историски погодок постигна Горан Пандев.
https://www.youtube.com/watch?v=c6_B2oNB5Rc&t=1s