Арсенал го најде наследникот на Чех

од Vladimir Zorba

Арсенал ќе понуди 25 милиони фунти за голманот на Баер (Леверкузен) и германски репрезентативец Бернд Лено, тврди британскиот таблоид „Сан“.

Главниот скаут на „топџиите“, Свен Мислинтат го зацртал Лено за заменик на Петар Чех, кој се наоѓа во слаба форма. Досега поранешниот скаут на Борусија (Дортмунд) помогна во привлекувањето на Хенрик Миктаријан од Манчестер Јунајтед и Пјер Емерик Обамејанг од „Сигнал Идуна Парк“.

Преговорите со Лено почнаа и „топџиите“ се надеваат дека ќе потпишат преддоговор со него уште пред крајот на сезоната.
Интерес за голманот, исто така, има од Наполи и Рома.

Слични содржини