Арсенал го направи првиот чекор за привлекување на Пакета

од Vladimir Zorba
176 прегледи

Техничкиот директор на Арсенал, Еду Гаспар ги увери претставниците на играчот од средниот ред на Олимпик Лион, Лукас Пакета дека лондончани имаат многу реален интерес за него и наскоро ќе упатат конкретна понуда до францускиот клуб.

Проблемот е што Лион постави исклучително висока трансферна сума за 24-годишниот Бразилец. Се вели дека цената е 80 милиони евра.

Секако, Арсенал ќе даде значително помала прва понуда додека се обидува да го убеди Лион да ги намали своите побарувања во текот на преговорите.

Претседателот на францускиот тим, Жан-Мишел Аулас потврди дека клубот веќе има неколку понуди за Пакета и играчот би можел да биде продаден ова лето.

Њукасл, кој даде понуда за Пакета уште во јануари, исто така останува меѓу кандидатите за офанзивниот играч за врска, кој има договор со неговиот сегашен клуб до летото 2025 година.

Слични содржини