Раководството на Арсенал ја разгледува можноста да упати сериозна понуда за техничкиот
директор на Рома – Мончи. Шпанецот има ослободувачка клаузула во договорот со „римските
волци“, која сепак е во износ од само 1 милион фунти и не би претставувала никаква пречка за
лондонскиот тим, пишува „Дејли Мејл“.

Според различни извори блиски до Мончи, Шпанецот е кон крајот на својот престој во Рим и овој
пат ќе се насочи токму кон Англија, каде сакал да работи. Пред да започне да ги „влече конците“ во
Рома, Мончи многу добро работеше во Севиља со актуелниот менаџер на Арсенал – Унаи Емери.
Мончи се смета за откривач на таленти како Иван Ракитиќ, Дани Алвеш, Сејду Кеита и многу други.
Голем дел од фудбалските специјалисти ги копираа успесите на Севиља во Европа во последниве
години.
Во последните недели за технички директор на Арсенал се споменува поранешниот напаѓач на
тимот Марк Овермарс, но од клубот ги демантираат шпекулациите.