Поранешниот тренер на Борусија Дортмунд, Томас Тухел е сметан за сигурен нов менаџер на Арсенал од новата сезона, според инсајдерски информации на списанието „Кикер“.
Најтиражниот европски весник “Билд” сепак му контрира на конкурентот во Германија и тврди дека тренерот води интензивни преговори на совршен француски со Пари Сен Жермен. Тухел веќе е во потрага сериозно по свој помошник, кој ќе работи со него во француската престолнина.
Кредибилитетот во материјалот на „Билд“ се разминува сериозно со информациите на англискиот весник „Гардијан“, кој го споменува Антонио Конте за нов тренер на „принцовите“.
Интересно е дека Тухел е поврзуван и со „сините“ од Лондон, а во наредните денови ќе стане јасно дали ќе се заврти тренерскиот рингишпил во фудбалска Европа.
Долго време Томас беше поврзуван за главен фаворит за наследник на Јуп Хајнкес во Баерн Минхен, но во последните неколку дена донел одлука да оди зад граница.