Арсенал и Тотенхем во битка за Рафиња

од Vladimir Zorba
425 прегледи

Бразилскиот фудбалер на Лидс, Рафиња го разбуди интересот на уште два англиски тима – Арсенал и Тотенхем, пренесува „The Athletic“. И шпанска Барселона го следи развојот на 25-годишниот играч, но тешката финансиска состојба на клубот може да спречи евентуален трансфер.

Од Лидс веќе коментираат дека очекуваат понуда од околу 55 милиони фунти за Бразилецот и засега Арсенал и Тотенхем се чекор понапред во идните преговори.

И Микел Артета и Антонио Конте сакаат да ги засилат своите состави за следната сезона. И двајцата менаџери гледаат на Рафиња како добра опција за ново засилување.

Сепак, менаџерот на Лидс, Џеси Марш неодамна изјави дека Бразилецот останува посветен на клубот и дека неговиот настап е многу важен за тимот да остане во англиската елита.

Рафиња минатата сезона постигна 11 гола на 35 натпревари во Премиер лигата.

Слични содржини