Арсенал ќе има нова средба со Лидс за Рафиња

од Vladimir Zorba
219 прегледи

Арсенал не се откажува од привлекувањето на крилниот напаѓач на Лидс – Рафиња. „Топџиите“ веќе го засилија нападот со Габриел Жесус од Манчестер Сити, но менаџерот Микел Артета, исто така, се залага за бразилскиот репрезентативец, според трансфер гуруто Фабрицио Романо.

Двата клуба веќе подолго време преговараат за евентуален трансфер на Рафиња на Емирати. Во оваа фаза, сепак, не можат да се договорат за цената што Арсенал треба да ја плати за да ги обезбеди своите права. Токму поради оваа причина ќе има нова средба меѓу двете страни, на која ќе се бара компромис кој ќе одговара на сите.

Арсенал брза да ја финализира оваа зделка, бидејќи не е единствениот кандидат за потписот на Рафиња. Бразилецот го бараат и Барселона, Тотенхем и Челси и не е ни чудо што и еден од нив ќе се вклучи во наддавањето за овој фудбалер и ќе им ги збуни плановите на „топџиите“.

Иако Лидс едвај се спаси од испаѓање, Рафиња беше еден од ретките играчи во тимот кој беше на ниво во текот на целата сезона и забележа доста добри резултати. Тој одигра 36 натпревари на кои постигна 11 голови и 3 асистенции.

Со своите добри игри, 25-годишниот играч стигна до репрезентацијата на Бразил, а веќе има 9 натпревари и 3 гола за „Селесао“.

Слични содржини