Арсенал не успеа да го привлече капитенот на ВБА

од Vladimir Zorba
254 прегледи

Арсенал упатил понуда во последен момент за капитенот на Вест Бромвич Џони Еванс, но таа била одбиена, соопштува „Скај Спортс“.

„Топџиите“ се обиделе да го привлечат повторно 30-годишниот играч, но од Албион дури одбиле преговори, бидејќи сметала дека предлогот ќе биде доста понизок од посакуваното.

Арсенал потроши многу средства за привлекување на Пјер Емерик Обамејанг, како и за новиот договор на Месут Озил, што изврши големо влијание врз обидот да се земе Еванс.

Очекувањата беа дека Вест Бромвич може и да се согласи да го пушти искусниот играч на „Емирати“, откако го откупи конечно Ахмед Хегази, а го привлече и Али Габр на изнајмување од Замалек, но тоа не се случи. Во текот на летото, сепак, Еванс може да си замине само за 3 милиони фунти, кои се утврдени во договорот при евентуално испаѓање на тимот.

Слични содржини