Арсенал преживеа во Москва и се пласираше во полуфиналето на ЛЕ

од Vladimir Zorba

Нова сензација во евротурнирите беше на пат да се случи во Москва, каде Арсенал трепереше, но сепак стигна до полуфиналето на Лига Европа, по 2:2 против ЦСКА Москва.
 
Тимот од Лондон имаше предност од 4:1 по првиот меч, но губеа 0:2 и при уште еден гол за домаќините ќе се случеше незамисливото.

Погодок на Дани Велбек сепак, им обезбеди место во Топ 4 на „топџиите“ во турнирот и ги зголеми шансите за конечен триумф кој ќе донесе пласман во Лигата на шампионите.

Арон Ремзи го спаси англискиот од пораз на крајот.

Резултати од реванш-дуелите од 1/4-финалето на ЛЕ:

ЦСКА Москва 2 – 2 Арсенал
Марсеј 5 – 2 РБ Лајпциг
Салцбург 4 – 1 Лацио
Спортинг Лисабон 1 – 0 Атлетико Мадрид

Слични содржини