Тренерот на Арсенал, Микел Артета изјави дека неговиот клуб упатил жалба за расните навреди упатени кон еден од неговите играчи на мечот со Лидс.
Инцидентот се случи во 33. минута, а цел на нападот беше еден од играчите на клупата на резервните играчи.
– Пријавивме навреди на расна основа и со тоа ќе мора да се справи менаџерот на стадионот – изјави Артета по натпреварот во кој неговиот тим славеше како гостин со 4:1.
Секако, Лидс како сериозен клуб веднаш реагираше и лицето кое го навредуваше фудбалерот на Арсенал беше уапсено.
Клубот од Јоркшир во соопштението порача дека на нивниот стадион нема место за дискриминација и дека слична судбина ќе ги снајде сите бунтовници во иднина.