Арсим Зеколи: Зад европејците кои го бранат Груевски има коруптивни скандали

од Vladimir Zorba
104 прегледи

Уривање на системот, кој беше востпоставен во Македонија од 1945 година, за потоа тој систем да претрпи мимикрија во годините на независност на државата, е првиот чекор кон создавањето на современа и напредна држава, вели македонскиот аналитичар Арсим Зеколи во интервју за бугарската агенција БГНЕС

image_1433573921_58

Ова е спор меѓу државата заробена од корупција, криминал и непотизам, и општеството оставено на милост и немилост на државата. Еден поглед врз насловните страници од печатот и било кое бегло преслушување на било која снимка од скандалозните телефонски разговори на министрите на Груевски и Ахмети докажува дека ние имаме целосно, до корен кородиран и пред распад систем во образованието, здравството, правосудството, социјалата, безбедноста …

Политичката криза и распад е највидлива и најпровокативна за јавноста, но таа е можеби и најлесно решлива. Но последиците на рушењето и компромитацијата на наведените останати области е навистина толкава што и домашните и надворешните набљудувачи се едноставно шокирани од степенот на злоупотребата на моќта од страна на Груевски и Ахмети.

Затоа преодната влада, техничка или експертска, не е прашање на политички профит на СДСМ или опозицијата, туку предуслов за враќање на минимум, базична доверба на граѓаните во институциите. Секој друг вид или форма на влада која ќе ги вклучува сегашни министри на владејачките партии, или пак нивни марионети маскирани како независни експерти, е едноставно неприфатлив.

Отстранување на Груевски и Ахмети како ликови е само половично завршена работа. Но елиминацијата и деконтаминацијата на земјата, државата и општеството од груевизмот и ахметовизмот е вториот, уште поважен дел од операцијата.

Дали сметате дека Груевски има коруптнивни односи со Европската Народна Партија?

Па со оглед на сите оние скандали поврзани со членови на ЕНП и службеници од други европски институции обвинети за корупција, не знам зошто тоа би било исклучено и во нашиот случај. Пред извесно време слушавме како висок функционер од ЕНП тврдо ја бранеше политиката на Груевски, и покрај сите веќе обелоденети скандали. Истиот тој лик и функционер е веќе од порано обвинет за сомнителни релации и поддршка кон водството на Азербејџан и како дел од познатата афера наречена “кавијар дипломатија”. Во прилог на тоа се и тековните скандали со мисијата ЕУЛЕКС во Косово и неверојатните поведениа на некои тамошни меѓународни претставници. Затоа, ЕУ и земјите членки наместо штури соопштенија и бесмислени самопофалби, би требало да разберат дека во регионот веќе се создава една опасна перцепција за нив како не само незаинтересирани за борба против криминалот и корупцијата, туку и дека стануваат составен дел од таа мрежа.

Но моѓната инволвираност на лица од ЕНП во коруптивни афери е само дел од поширок проблем. Кој исто така ги вклучува и бизнис врските помеѓу моќни западни компании со домашни политички кругови и нивните лобирања низ европските престолнини во корист на владејачките партии. Ние сосема добро ја разбираме нивната логика дека тие се во Македонија поради профит, и тоа е нормално. Но и таквите компании и европските политичари не можат да избегаат од одговорноста дека со лобирањата во корист на автократи, корумпирани политичари и еден нео-феудален режим, тие самите наместо кон прогрес, ја буткаат земјата во хаос и банкрот.

повеќе тука