Арсоски: Израел сигурно ќе му возврати на Иран, но да не биде на штета на иранскиот народ

од Nikola Popovski
39 прегледи

Поранешниот генерал-мајор и актуелен пратеник во Собранието, Павле Арсоски тврди дека Израел реши сигурно ќе возврати на неодамнешниот напад на Иран и истреланите над 250 ракети.

-Ќе мора (Израел) да ја задржи нивната кредибилна и државна политика и да одговори. Прашање е само како ќе одговори и на кои цели. Премиерот Нетанјаху неколку пати во изминатите недели се обраќа на иранскиот народ и им порачува дека е потребно да направат се за смена на режимот во Иран и дека Евреите и Персијанците би можеле да живеат во мир и стабилност. Верувам дека тоа ќе ја определи и целта која што Израел ќе ја таргетира тогаш кога ќе одлучи. Не е исклучено и нуклеарниот потенцијал на Иран да биде таргет. Израел и во минатото правел такви успешни акции. Можно е да дејствува да ја ослаби силата на Иран, но да не биде на штета на иранскиот народ, рече Арсоски во емисијата „Топ тема“.

Слични содржини