Арсовска алармира: „Мафијата си пие кафе на пикник, додека Скопје се распаѓа!“

од Марта Пешевска
119 прегледи

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, остро реагираше на социјалните мрежи откако денес претседателот на ЗЕЛС (Здружението на единиците на локална самоуправа), Орце Ѓорѓиевски, бил во друштво со политичарите Изет Меџити и Висар Ганиу. Според неа, токму тие се симболи на урбаното беззаконие во главниот град.

„Лицето што треба прв да застане во борбата против урбаната мафија, денес се фотографира на пикник со луѓе кои со години наназад се симбол на урбаниот хаос и корупција во Скопје“, порача Арсовска.

Таа предупреди дека додека институциите молчат и не преземаат ништо, граѓаните се оставени на милост и немилост. Според неа, одговорност нема, ниту се најавува, сѐ додека не се случи нова трагедија.

„Се повторува истата приказна – нема ниту правда, ниту реакција. Се чека нова несреќа за да се отвори прашањето“, напиша Арсовска на Фејсбук.

Оваа реакција доаѓа во период кога јавноста сѐ почесто бара отчетност од општинските власти за хаотичниот урбан развој и уништувањето на јавниот простор.

Слични содржини