Арсовска: Бесплатниот превоз ќе се воведува во етапи

од Nikola Popovski

ЈСП Скопје е тежок загубар со над 12 милиони евра. Ревизијата ќе покаже што се состојбите што внатре се случуваат. Имаме голем број проблеми од аспект на целиот процес. Анализите за бесплатен превоз се прават. Се отстрануваат сите оние ставки во Буџетот, кои вадат средства, вели градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, зборувајќи повеќе од нејзината најава за бесплатен градски превоз.

Според неа, бесплатниот превоз ќе биде воведуван во етапи.

-Дури и денеска да одлучиме Градот за наредна година да дотира цела сума за да има бесплатен превоз, нема да има ефикасност, бидејќи ќе се зголеми нагло бројот на граѓани ќе сакаат да го користат, нема капацитет и нема да биде ниту поквалитетен, ниту подобар, појасни Арсовска и додаде дека за пензионерите секако е неопходно да имаат бесплатен превоз секој ден.

-Шест месеци се потребни од анализата за првата фаза да биде завршена, потенцира Арсовска и информира дека 7,8 од новите 33 МАН автобуси се вон употреба.

Слични содржини