Арсовска: Десетина лица во „Водовод“ ќе мора да почнат да работат за да ја заработат платата од 60.000 денари

од Берта Китинска
219 прегледи

Штрајкот кој го најавува ССМ во ЈП “Водовод и канализација” е само заради десетина лица на кои воопшто не им биле ускратени никакви права, ниту биле деградирани, туку едноставно сега треба да почнат да работат за да ја заработат платата која кај некои од нив изнесува и над 60.000 денари, вели градоначалничката Данела Арсовска.

„Водовод и Канализација“ со години е биро за вработување на партиски кадари, вели градоначалничката.

-Доколку некој се става да биде инструмент во политичка пресметка и некој сака да брани неработници наместо работници, тоа веќе не е синдикално организирање, тоа се вика политичка партиска пресметка. Овие лица се уште земаат иста плата, 60000 денари, каква деградација е тоа, само се бара од нив да работат, а не како до сега да седат во канцеларија, вели Арсовска.

Таа вели дека граѓаните не треба да се грижат, вода и останати услуги ќе добиваат, а синдикалните организации треба да бидат за работниците, а не за неколку поединци кои добиле распроедување за истата плата, но сега треба да ја заработат и заслужат.

Сојузот на синдикати на Македонија извести дека Управниот одбор на ЈП Водовод и канализација – Скопје му го поништил решението на директорот Марјан Митовски на 93 вработени да им се поништат договорите за работа. Управниот одбор на Водовод, од вд директорот Митовски се бара самиот да си поднесе оставка, поради начинот на неговото работење но и заканите за отпуштања што ги упатил до вработените.

Слични содржини