Арсовска: Директорите добија понуда да си дадат оставка или да бидат разрешени

од Берта Китинска
287 прегледи

По оставките на дел од директорите на градските претпријатија градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска на својот Фејсбук профил напиша дека директорите добиле понуда да си дадат оставки или да бидат разрешени.

-Поради несоодветно работење, неиспорачување резултати и непочитување на насоките на градот Скопје, директорите добија понуда да си дадат оставка или да бидат разрешени.
Градот Скопје е град на сите скопјани, затоа сите носители на овие одговорни раководни функции во градот се должни да даваат отчет пред граѓаните, а не пред партиските лидери.
Скопје мора да биде модерен град, град за сите скопјани, напиша градоначалничката.