Арсовска до Ѓорѓиевски: Ако сака градот да биде почист нека ѝ се јави на партиската другарка Спировска, таман сега немаше да мора да се бори со демони

Арсовска: „Женава со кривично досие за хаосот што го предизвикува во Комунална хигиена, ќе биде наградена со советничко место во општина Бутел“

од Nikola Popovski
72 прегледи Фото: Официјален профил на Орце Ѓорѓиевски

По повод новите турбуленции со јавните претпријатија во главниот град, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска објави дека Комунална Хигиена Скопје го управува 4 години претседателка на Управен одбор од ВМРО-ДПМНЕ осудена правосилно за 2 тешки кривични дела.

-На Орце Самка Ѓорѓиевски пренесете му да не праи нарачки, ако сакал градот да е почист доволно е на нивнава партиска другарка Јулијана Спировска да и се јави, таман сега немаше да мора да се бори со демони, истакна Арсовска.

Таа објави фотографија од казнена евиденција на Спировска, за која вели дека „со кривично досие за ХАОСОТ што го предизвикува во Комунална хигиена, ќе биде наградена со советничко место во општина Бутел“.

-Браво за ДИК кои Закон дерогираат со правилник и осудени лица со нивен амин ќе ви ги водат општините по избори пак.

4 години со 500 членови сите Управни одбори, Надзорни одбори и Училишни одбори на скопските јавни претпријатија и установи ви ги управуваат ВМРО и ВЛЕН. Обратете се кај нив за хигиената во градот. Вработените во претпријатието и метачите со сите сили макотрпно работат и се борат со партиските демони на суетни самобендисани политичари, објави Арсовска.