Арсовска до Меџити: Успеа во криминал и перење 225 милиони евра преку дивоградби, а институциите што „донесоа правда“ не смеат да писнат во Чаир

од Nikola Popovski
20 прегледи

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска упати нови критики кон вицепремиерот и министер за животна средина, Изет Меџити. Притоа, таа објави фотографија од него и градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

-Тоа е таа насмевка кога успеваш за криминал и перење 225 милиони евра црни пари преку дивоградби да не ти постави ниту еден новинар прашање, а институцииве што „донесоа правда“ да не смеат на независна територија Чаир да писнат, не пак да постапуваат, истакна Арсовска.

Градоначалничката порачува дека „сите веќе знаат дека сте криминалци“, критикувајќи ја власта.

„Бидејќи Министеров за животна средина и дивоградби, Изет Меџити делел пари за проекти за општините низ Македонија, сакав да прочитам да не дал за Скопје случајно да се реализира некој проект. Овој се чини е Министер само на неговите другарчиња во Чаир или мене нешто не ми е јасно во постов. Македонија повторно горда!“, стои во објавата на Арсовска.

Пред неколку дена, еден од лидерите на ВЛЕН истакна дека градоначалничката на Скопје не понудила никакво решение за проблемот со дивоградбите.

„По тоа што го кажува Данела треба таму да се рушат згради и да се остават стотици луѓе без домови да се влечат по судови. Не дава никакво решение, таа нема морално право да зборува затоа што четири години нема направено ништо за Чаир. Ние и обезбедивме средства како Влада само требаше да го тераат проектот Цветан Димов, но немаше волја од неа, еве во моментов таа покажува дека е антиалбански и анти-Чаир настроена, зошто не се занимава со градбите во другите населби, зошто не се занимава со нејзиниот партнер во власат на градот Скопје. И посочениот кандидат Бујар Османи живее во дивоградба затоа тој не може да зборува за дивоградбите, туку се скриени зад Данела да ја искористат во текот на кампањата“, појасни Меџити во интервју.

Слични содржини