Арсовска до Николоски: Сега кога сите видоа дека имаш надлежност да рушиш дивоградби, да почнеш од Чаир, а не од викендички во Охрид, Струга, Делчево…

од Nikola Popovski
38 прегледи

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска упати нови обвинувања, овој пат кон вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. Ова следува откако државата најави ќе ги урива дивоградбите во заштитените подрачја, при што Министерството за транспорт и врски вчера објави тендер за избор на фирма за уривање дивоградби.

„Сега откако цела Македонија виде дека ти господине министер Ацо Дубаи Николовски имаш надлежност да рушиш дивоградби, исто како и твојот колега Висар Ганиу, а не јас, знаеш ли што би било морално, етички и праведно да направиш? Да не се занимаваш со рушење на викендички во Охрид, Струга, Дебар, Делчево и Македонска Каменица туку да си почнеш таму каде постои реална закана по безбедноста и сигурноста на граѓаните, кои живеат во страв во Чаир дека било која од тие 150 незаконски и небезбедно изградени згради од 12 спрата може да им се срушат врз глава и потоа да ги обесштетиш зошто сте го дозволиле истото“, стои во објавата Арсовска.

Според тврдењата на градоначалничката на Скопје има масовно незаконско легализирање на објекти кои се високи згради, елитни станбени комплекси, а не ситни градби и реконструкции во Општина Чаир. Но, тврди и дека тоа е единствена општина во која има толку голем број на фалсификати за легализација на дивоградби.

Слични содржини