Арсовска добила уверување од ЕСМ дека ќе има парно, за санацијата на мостот „Беласица“ вели дека е козметичка корекција

од Nikola Popovski
222 прегледи

Од ЕСМ ме информираа дека навреме ќе ги завршат своите обврски за да се почне навреме со грејната сезона, истакна градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, во одговор на новинарско прашање во врска со мостот Беласица, дали ќе има парно и до каде се договорите со ЕСМ.

Таа уште еднаш повтори дека поставувањето на цевките за топловод кај мостот „Беласица“ е надлежност на ЕСМ, како и санацијата од горењето на изолацијата.

-Невозможно е да има безбедно поставување доколку тоа што било поставено не е санирано. Тоа е, повторувам уште еднаш, само козметичка корекција којашто мора да се направи, не влијае ниту на безбедноста, ниту на сигурноста на инсталацијата којашто ја имаме таму, ниту на самиот мост, изјави Арсовска.

Градоначалничката е децидна дека мостот е безбеден и сигурен и тоа го имаат како податок според вештачењето. Сепак, вели дека за да се пушти во целост, треба санација во долниот дел.

Најави и постапки против лица кои што ширеле лаги и невистини за безбедноста на мостот „Беласица“. Како што вели, „луѓе од дома од пижами лажеа дека ќе требало нов мост да се гради“.

Слични содржини