Арсовска: ДПМНЕ е власт во Град Скопје – ако има проблем се знае од каде потекнува, од оние кои имаат 500 членови на управни и надзорни одбори

од Nikola Popovski
226 прегледи

„Петстотини членови на управни, надзорни, училишни одбори има коалицијата на ДПМНЕ во Градот Скопје. Тие се мнозинство, тоа се нивни членови, нивни претставници. Ако има проблем некаде се знае од каде потекнува, од оние што земаат хонорари и потекнуваат од редот на ДПМНЕ“, рече градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во „Студио 10“ на ТВ24.

Таа додаде дека ВМРО-ДПМНЕ има мнозинство во Советот и со тоа мнозинство има избрани и претседател на Советот на Град Скопје.

„Тоа е власт во Град Скопје. Сите јавни претпријатија, управните одбори ги раководат лицата поставени од ВМРО-ДПМНЕ. Од тие факти нема бегање“, кажа Арсовска.

Градоначалничката истакна дека прашањето е колку сега тие, што се на власт во Градот Скопје сакаат да направат нешто за граѓаните.

Слични содржини