297
Првороденото бебе во Скопје во 2022 година се роди по природен пат, на само минута по полноќ на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство. За родилката Сузана Стошиќ, Михаил е четврто дете, информира градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска откако ги посети првите родени бебиња во 2022 година.
Арсовска ја посети и Симона Петровски, која на свет ја донесе Теодора, само една минута подоцна, две минути по полноќ.
-На двете родилки и нивните семејства Град Скопје им посакa здравје и среќа во годините кои претстојат, заедно да се радуваат на успесите на своите деца, истакна Арсовска.