Арсовска ги разреши Велковски и Перински поради спорна тендерска постапка

од Берта Китинска
268 прегледи

Од Град Скопје информираат дека од функцијата Секретар на град Скопје, во петокот покрај директорот на ЈП Водовод и Канализација бил разрешен Ѓоко Велковски.

-Причина за разрешувањето е неговото влијание во спорна тендерска постапка за изведба на пречистителна станица во вредност од 136 милиони евра, средства кои се обезбедени од ЕБОР и ЕИБ.Велковски, во петокот е разрешен заедно со в.д директорот на ЈП Водовод и Канализација-Скопје Златко Перински поради обиди за влијание кои се сметаат за тенденција која ги потврдува основаните сомнежи на Град Скопје за самоволие и несоодветно постапување во постапката за избор на изведувач во милионски тендер.Градот Скопје нема да дозволи расипничко трошење на парите на скопјани, ниту финансирање на лични и теснопартиски интереси. Скопје е град на сите скопјани, велат од градот.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, пак, денеска преку партиско соопштение го објави ставот на Велковски, кој вели дека е разочаран од слабиот потенцијал на Арсовска, како и дека сам ја донел одлуката да ја напушти позицијата секретар во Град Скопје.

Слични содржини