Арсовска го посети првороденото бебе во Скопје

од Vladimir Zorba
166 прегледи

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска го посети првороденото бебе во новата година на кое му додели штедна книшка со 20 илјади денари и пригодни подароци.

„Првороденото бебе во Скопје во 2023 година се роди на само минута по полноќ на Универзитетската Клиника за Гинекологија и акушерство Скопје. Град Скопје на мајката и првороденото бебе во новата година им посака многу здравје и радости, со штедна книшка со 20 илјади денари и пригодни подароци“, сподели Град Скопје.

За родилката Стојанка Панајотова, Ване е прво дете. На Стојанка и нејзиното семејство Град Скопје им посакува здравје, спокој, среќа во годините кои претстојат, заедно да се радуваат на успесите, додаваат од Град Скопје.

Слични содржини