Арсовска го предизвика Стојкоски за хемиските фабрики: „Повели на дуел, каде сакаш – кога сакаш!“

од Марта Пешевска
27 прегледи

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, повторно го обвини својот колега од Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, дека дозволува изградба на хемиски фабрики и висококатници во срцето на општината. Во најновиот јавен настап, таа го повика Стојкоски на јавен дуел и му предложи да организира референдум, на кој граѓаните ќе одлучат дали сакаат нивните домови да бидат опкружени со индустриски капацитети.

Арсовска посочи дека се работи за површина од 157.000 м² и обвини дека, и покрај негативното мислење од Град Скопје за урбанистичкиот план, општината продолжила со неговото усвојување. Таа објави и делови од ДУП-от, тврдејќи дека истиот предвидува објекти со ознака „хемиска фабрика“.

Градоначалникот Стојкоски ги негира тврдењата и вели дека на територијата на Ѓорче Петров нема, ниту ќе има хемиски фабрики, туку само лесна, незагадувачка индустрија согласно планот Г2. Тој додаде дека новиот ДУП всушност ја намалува индустриската зона за три и пол пати и дека ниту една институција нема поднесено еколошки забелешки.

Слични содржини