358
Продолжува смената на на директорите на јавните претпријатија, кои се под надлежност на градот Скопје.
Од градот денеска соопштија дека Ангеле Сотировски е назначен за нов в.д. директор на Јавното Претпријатие ”Паркови и зеленило”, по спогодбениот престанок на функцијата на досегашниот директор Ардијан Муча.
-Ангеле Сотировски е дипломиран економист со повеќегодишно работно искуство во Јавното Претпријатие ”Паркови и зеленило”, каде е вработен од 2009 година, информираат од кабинетот на градоначалничката Данела Арсовска.
Во текот на претходните денови беа променети директорите на Зоолошката градина, ЈП Лајка, Дрисла, ЈСП Скопје и ЈП Улици и патишта.