Арсовска го свика Кризниот штаб на Град Скопје поради невремето

од Nikola Popovski
148 прегледи

Градоначалничката Данела Арсовска свика итен состанок на Кризниот штаб после големото невреме што го зафати градот Скопје.

„По невремето кое го зафати градот Скопје, градоначалничката Данела Арсовска свика итен состанок на Кризниот штаб на Град Скопје“, се вели во соопштението од Град Скопје.

Невремето проследено со пороен дожд, град, грмотевици и ветер што попладнево го зафати Скопје, предизвика поплавување на улици, подвозници, куќи и дворови.

Според Центарот за управување со кризи, граѓаните на телефонот 112 пријавиле паднати дрва, откорнати покриви, заглавени возила, поплавени дворови и простории… Од ЦУК велат дека дојавите на најбрз начин се пренесуваат до надлежните служби.