Арсовска: Голем дел од луѓето во Град Скопје се навикнати да земаат плата и да не работат, тоа мора да се смени

од Vladimir Zorba

„Нема никакво блиндирање, се работи за систем за евидентирање. Тоа е систем кој нема да дозволи луѓе кои не се присутни на работните места, да можат да бидат казнети. Не може некој да не доаѓа на работа и да биде платен или да дојде и да излегува од работа постојано и да биде платен од буџетот на граѓаните. Голем дел од луѓето се навикнати да земаат плата и да не работат, тоа мора да се смени, вели градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска за Канал 77 во однос на обвинувањата дека прави промени во кабинетот, откако таа тврди дека кабинетот и е ист како на претходните двајца градоначалници – Шилегов и Трајановски.

По сцените кои се случија во Советот на Град Скопје во изминативе деновиве, таа изјави дека со претседателот на Советот, Славески, немала никаква комуникација, затоа што, како што рече, немале теми на кои ќе комуницираат.

Со Мицкоски, пак, вели дека имала комуникација пред шест месеци, но не потенцира дали се слушнале или се виделе, туку само дека зборувале за Град Скопје.

Слични содржини