Арсовска има поддршка од ВМРО-ДПМНЕ за секој проект кој е во вистинска насока, вели Мицкоски

од Берта Китинска
116 прегледи

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешната прес-конференција го потврди раздорот меѓу најголемата опозициска партија и градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

„Секој проект поврзан за Град Скопје, кој е во вистинска насока, без разлика дали е од градоначалничката Данела Арсовска или од мнозинството во Советот ќе ја има нашата поддршка. Секој проект кој цениме дека не е во насока на добрите политики ние нема да го поддржиме. За мене е важно Скопје да се развива и затоа поддржавме независен кандидат и во животот имате моменти кога ќе видите дека очекувањата не се исти како што сте ги имале тие очекувања, а потоа едноставно патиштата можат да одат во различни насоки во животот“, изјави Мицкоски.

На прашањето дали ќе продолжи да биде дел од мнозинството во Советот на Град Скопје, Мицкоски не одговори конкретно, но рече дека ќе го поддржи секој проект за доброто на градот.

„Што се однесува до мнозинството во Советот, ВМРО-ДПМНЕ има лидер, професорот Трајко Славевски е таму, имаме мнозинство, но работите се флуидни, денес имате, утре немате, не е многу важно“. рече Мицкоски.

Слични содржини