Арсовска: Имаме енормно загадување, но постепено ќе се справиме

од Nikola Popovski
246 прегледи

Градоначалничката Данела Арсовска информира дека градот Скопје не ја носи мерката за укинување на бесплатниот јавен превоз, поради намалување на загадувањето.

-Оваа Одлука е донесенa по добиеното известување од Министерството за животна средина и просторно планирање, а врз основа на добиените податоци од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на воздух, за прекин на прагот на алармирање за надминат праг на алармирање за ПМ10 честички во градот Скопје е завршена. Жалам што критиките доаѓаат од власта која четири години имаше пари и начини да се справи, а само чекаше подобри временски услови. Некоректно е да се каже некој за 50 дена не успеал да се подобри состојбата со воздухот, вели Арсовска во гостувањето на Дневникот на ТВ Сител.

Според неа, градот во месец декември спровел 54 инспекторски надзори поврзани со загадувањето.

-Тоа е значително квалитетна насока по која се движиме. Почнавме и со вонредни контроли во индустриските капацитети. Имаме енормно загадување, но ќе се обидеме постепено да го намалиме загадувањето, вели Арсовска.

Слични содржини