Арсовска ја доставила предлог-одлуката, нова вонредна седница на Град Скопје

од Берта Китинска
102 прегледи

Денеска во 13 часот е закажана вонредна седница на Град Скопје за да се реши проблемот со ЈСП, каде вработените бараат да им се исплати септемвриската плата.

-Постапено е од страна на градоначалник според Заклучоците од вчерашната вонредна седница по иницијативата предложена од советниците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, информираа од Советот на Град Скопје.

Изнајдено е решение за итна исплата на средствата во ЈСП, велат од Град Скопје.

-Иако законскиот рок за исплата на платите е до 15 текот на месецот, дел од менаџментот на ЈСП одлучи дека треба со манипулации и подбуцнување на дел од вработените да го остави градот без јавен превоз со образложение дека се доцни со исплата на плати, денес градот Скопје изнајде решение за итна исплата на средствата. Исто така, апелираме до оние кои ги инструираа дел од т.н. синдикалци да обезбедат правна помош за нив, бидејќи спротивно на Законот за јавни претпријатија и работнички права, денес ја попречија работата на ЈСП без притоа да пријават штрајк и да формираат штрајкувачки одбор со што согласно чл.35 од горенаведениот закон се и кривично одговорни, наведува Град Скопје во соопштение до медиумите.

Одговорност мора да има, се наведува во дописот, и ќе се бара и од членовите на управниот одбор на ЈСП и нив Град Скопје ги повикува да поднесат оставки.

-Ги повикуваме и членовите на управниот одбор на ЈСП назначени по предлог на ВМРО-ДПМНЕ да си поднесат неотповикливи оставки поради доведување во заблуда на дел од вработените во претпријатието и предизвикување прекин на работните задачи на вработените, се наведува во соопштението на Град Скопје.

Во текот на вчерашниот дека беше усвоен заклучок со кој се задолжува градоначалникот со надлежните сектори најдоцна до петок 21-ви октомври до 12 часот, да достави одлука до Советот на град Скопје за прераспределба на средства за ЈСП Скопје, како би се овозможило непречено работење на претпријатието.

Слични содржини