Aрсовска ја обвини Спировска од ВМРО-ДПМНЕ за главен виновник со несобирањето на отпадот низ Скопје

од Nikola Popovski
133 прегледи

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска го пронајде виновникот за проблемите со собирањето на отпадот во главниот град. Таа го впери прстот во Јулијана Спировска од ВМРО-ДПМНЕ која има функција на претседател на УО на Комунална хигиена Скопје.

„На госпоѓата која е со правосилна судска пресуда ОСУДЕН КРИМИНАЛЕЦ, работите никако да и тргнат од рака да ги тера по пропис, па за денес во 13 часот закажала ТАЈНА ЗАТВОРЕНА СЕДНИЦА НА УПРАВЕН ОДБОР. Госпоѓо Јулијана, согласно правните акти и член 3 од Деловникот согласно кои ти си ДОЛЖНА да работиш, седниците на Управниот одбор на JП КХС се ЈАВНИ“, порача меѓу другото Арсовска.


Арсовска го прозва Ѓоргиевски за УСЈЕ: „Незгодно ми е што ти досаѓам, гарант ќе ти преседне утринското кафе…“

Арсовска: Висар Ганиу не може да уништи толку документи, колку што јас имам докази

Арсовска сѐ уште чека тв дуел со Стојкоски: „Тоа што плаќате медиуми и партиски ботови да ве фалат, а другите да ги понижуваат, не значи дека сте во право“


Спировска пред неколку дена порача дека во Македонија социјалните медиуми се злоупотребени од поединци за лаги и клевети.

-Поттикната од постојаните навреди од градоначалничката Данела Арсовска, изречени по социјалните мрежи изминатиот период наназад кон мене како претседател на УО на КХС , ја повикувам Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиуми согласно своите законски можности да повика на најмалку коректен однос, особено на луѓето носители на јавни функици во своите обраќање пред се на социјалните мрежи. Нашата заложба на сите граѓани корисници на социјалните мрежи, треба да биде во насока на споделување на вистините ,точни информации и креативни содржини ако сакаме да задржиме ментално здраво општество. За работата на УО на КХС стојат документирани 70 записници чија содржина, насоки и заклучоци очигледно ве вознемируват градоначалничке, порача Спировска во објавата.

Слични содржини