Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска ја поздрави синоќешната изјава на мандатарот Димитар Ковачевски дека Владата нема да дозволи граѓаните да останат без парно греење.
-Го поздравувам ставот на Ковачевски. Сепак сметам дека БЕГ има концесија од Владата и не е под капата на град Скопје. До 15 септември најголемиот дел на влади во Европа имаат преземено мерки за овие шокови. Општините поради слабата децентрализација имаат лимитирани приходи и не треба да се префрла топката на локалните единици. Во овие кризни моменти треба заедно да седнеме на маса и да дискутираме. Нема време за политички игри, рече Арсовска на прес-конференција на ЗЕЛС.
Градоначалничката додаде дека префрлувањето вина во вакви моменти не е дозволено.
-Владата да преземе одговорност и да помага на општините за решавање на енергетската криза, потенцира Арсовска.
Мандатарот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски синоќа истакна дека во Владата се разгледува опцијата за пренаменско преземање во работата со компаниите во Скопје, кои што се задолжени и обезбедуваат топлинска енергија.