Арсовска ќе ги праша граѓаните дали да го врати Ќосето

од Nikola Popovski
362 прегледи

Градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска е со план да го врати споменикот на Андон Јанев-Ќосето, кој пред четири години беше отстранет од пред просторот на Врховниот суд.

-Ќосето долго време го баравме и успеавме да го детектираме. Ќе ги прашаме граѓаните. Што се однесува до мене како градоначалник, многу ме интересираше, два месеци го баравме, но успеавме да го најдеме. Многу често ми беше поставувано ова прашање и во предизборната кампања, рече Арсовска во интервју за „Инфомакс“

Таа напомена дека кружеле гласини дека бил стопен споменикот.

-Граѓаните да не се грижат, пронајден е споменикот, во добра состојба, па ќе видиме ќе ги прашаме граѓаните какво е нивното мислење дали да го вратиме и каде, потенцира Арсовска.

Споменикот беше поставен пред Врховниот суд во 2014 година како донација на Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради од Лерин за град Скопје. Во 2018 години, Град Скопје го острани затоа што беше дивоградба. Ќосето беше сместен во магацин на Металскиот завод Тито.

Слични содржини