Арсовска ќе биде носител во ИЕ1

од Nikola Popovski
315 прегледи

Партијата Нова Алтернатива на градоначалничката Данела Арсовска, ќе учествува на парламентарните избори во сите шест изборни единици. Ова денеска го истакна лидерката на партијата.

На прашањето дали Арсовска ќе биде кандидат за претседател, градоначалничката децидно одговори со „не“.

-Кој ќе биде кандидат за претседател или кои ќе бидат луѓето, органите на партијата ќе го кажат. Треба да се разговара. Ќе учествуваме на овие избори со сите капацитети, за да им покажеме на граѓаните дека може поинаку и често да се работи, рече Арсовска во емисијата „Студио 10“.

Првиот човек на Град Скопје информира дека ќе биде носител во Изборна единица 1.

 

Слични содржини