Арсовска: „Ќе ме утепаат, животот ми е во опасност, а надлежните молчат“ – Зар ваква држава заслужуваме? – треба да се самораспуштиме

од Марта Пешевска
441 прегледи

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, алармира на сериозни закани по нејзиниот живот и јавува за апсолутен молк и незаинтересираност од надлежните институции.

„Четири години сум под постојани закани, а никој не презема ништо. Зар вака треба да се чувствува еден градоначалник во главниот град? Ако ова е нормално, тогаш навистина не заслужуваме држава“, порача Арсовска во своето обраќање.

Таа тврди дека и покрај тоа што пријавува криминал и неправилности, наместо институциите да ги гонат криминалците – тие ги заштитуваат, додека пријавителите се мета на напади и притисоци.

„До каде стигнавме како општество? Ако некој што се бори против криминалот е казнет, а криминалците се заштитени, тогаш можеме слободно да се самораспуштиме како држава“, изјави Арсовска.

Слични содржини