„Секако, бидејќи неопходно е за граѓаните, оној кој ќе ја води државата да го прави тоа на одговрен начин и најважно од се, базирано на дадените ветувања, да се реализираат“. Вака одговори градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска запрашана дали ќе му честита на новиот премиер Христијан Мицкоски и на новата Влада.
Како што додаде Арсовска, „согласно протоколарната листа, ги испраќаме своите честитки“.
-Пред се треба институциите да функционираат. Ние не мораме да бидеме пријатели, туку да работиме во интерес на граѓаните и да се испорача ветеното, истакна градоначалничката, наведувајќи дека „имаат обврска и кон граѓаните кои не ги гласале на изборите, но и кон младите и иднината“.
Според неа, има многу од ветувањата кои се поврзани со локалната самоуправа и Градот Скопје.
-Ние нашите разлики можеби ќе ги надминеме или не, но важна е одговорноста пред граѓаните. Се надевам дека оправдувања нема да има и ќе биде важно да се работи меѓу централната и локалната власт. Видовме и еден пакет кој што се спомна. Како Град Скопје, очекуваме рамномерна распределба на средствата до општините. Важно е да не се моли за да се дотираат средствата, туку да се продолжи со процесот на децентрализација, кажа Арсовска во емисијата „Студио 10“.