Арсовска: Командант Барути тврди дека сум го тепала – со лекарски извештај од дигестивен хирург?!

од desk2
31 прегледи

Пред утрешното рочиште во Кривичниот суд во Скопје, на кое по изведувањето на доказите и сослушување на сведоците, ќе има завршни зборови со кои постапката за насилството кај Пластичарска влегува во својата последна фаза, на социјалните мрежи Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, извести за нов развој на настаните.

„Командант Барути Љамалари на вчерашното судење се обиде да поднесе кривична пријава за насилство извршено од моја страна врз него.

Тврди дека сум ГО ТEПАЛА со лекарски извештај од ДИГЕСТИВЕН ХИРУРГ изваден отпосле во градска болница, кој му дал потврда по негово кажување дека повреди имал на ногата ќутекот што го јадел од мене.

Судот и обвинителството вчера одбија од него да прифатат кривична пријава, со која командантов Барути Љамалари тврди дека сум го тепала“, пишува скопската градоначалничка.

На утрешното судење ќе има завршни зборови, искрено би сакала од него уште еднаш гласно да слушнам како јадел ќутек. Такво време дојде ем да тепаат жени, ем да глумат жртви дека се тепани, завршува градоначалничката Арсовска.

Слични содржини