Арсовска: Лавот Мицкоски е гласен против жени, но молчи кога ги фатив неговите со рачињата во медот

од Марта Пешевска
58 прегледи

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, денеска преку социјалните мрежи упати остри критики до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, обвинувајќи го за молк пред, како што тврди, сериозен криминал на функционери блиски до коалицијата ВЛЕН – Изет Меџити и Висар Ганиу. Арсовска посочи дека и покрај тоа што се поднесени документи и фото-докази за преку 150 дивоградби, институциите не преземаат ништо, а Мицкоски, наместо да бара одговорност од своите коалициски партнери, се занимава со политичка пресметка со неа.

„Се покажува сила кон жена, наместо кон вистинските криминалци. Кога се работи за мој случај, полицијата реагираше за 15 минути. Сега, кога носам конкретни документи и пријавувам криминал, не само што нема одговор, туку не ми ја примаат ни пријавата – ми ја спуштаат слушалката кога ќе се претставам“, рече Арсовска.

Таа ги отфрли и наводите за дестабилизација, оценувајќи дека токму оние кои ја злоупотребуваат власта за лична заштита и прикривање на криминал, се тие што го дестабилизираат системот.

„Кога ќе ги фатат со раце во медот – тогаш зборуваат за дестабилизација“, додаде градоначалничката.

Арсовска вели дека зад сите напади врз неа стои обид да се замолчи нејзината борба против корупцијата, но дека нема да отстапи од нејзините ставови.

Слични содржини