Арсовска: МВР и Обвинителство не смеат да постапуваат во Чаир каде македонските закони не важат, ама затоа во Демир Хисар на полноќ тероризираат возрасна жена

од Nikola Popovski
393 прегледи

Градоначалничкатта на Град Скопје, Данела Арсовска направи паралела меѓу постапувањето на полицијата и синоќешниот претрес во домот на директорката на средното училиште „Крсте Петков Мисирков“, Маја Лозановска во Демир Хисар со случајот со дивоградбите во општина Чаир, за кој таа поднесе официјални докази и документи до скопското Обвинителство.

Арсовска притоа иронично порача до граѓаните: „Вие скенирајте фискални и плаќајте си даноци“.

-Полиција на полноќ во Демир Хисар, прави претрес во дом на 57 годишна професорка за да ја сменат од директорска позиција на ден пред избори. Жената насилно иако лежи болна, ќе ја носеа на распит на полноќ во полициска станица да кажела каде е печатот, иако законски не можат да ѝ врачат решение за да ја разрешат додека е на боледување.

Во Чаир со над 3200 страни докази за фалсификати, кривични пријави и сведоштва, 3 месеци не се помрднуваат, не смеат да писнат. МВР и Обвинителство не смеат да постапуваат во Чаир, каде македонските закони не важат, ама затоа во Демир Хисар на полноќ тероризираат возрасна жена, педагог, без дамка во професионалната кариера, стои во објавата на градоначалничката.