Арсовска на увид во реконструкцијата на водоводната мрежа во Гази Баба

од Vladimir Zorba
145 прегледи

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, заедно со директорот на ЈП „Водовод и канализација“-Скопје Драган Илиевски, денеска направија увид во реконструкцијата на целокупната водоводна мрежа во парк-шумата Гази Баба.

Инвестицијата за реконструкцијата за овој проект кој е од исклучително значење за жителите на Гази Баба е инвестиција од сопствени средства на ЈП „Водовод и канализација“-Скопје, во висина од 14.033.800 денари. Со реализација на овој проект се осигурува постојано, непречено и квалитетно, без загуби во мрежата, водоснабдување на поголем дел на територија на општина Гази Баба (населбите Железара, Автокоманда), а променет е и цевководот и поставена е цевка 250 мм, известуваат од Град Скопје.

Со завршување на првата фаза, односно „крак 1“, се изведе дислокација на водоводната мрежа по нова патека одобрена од Град Скопје односно ЈП „Паркови и зеленило“, во должина од 488 метри и се изврши поврзување со постоечкиот цевковод на улица „Тајмишка“.

-Воедно беа изградени и две нови шахти: шахта со испуст во бунар, и водоводна шахта за поврзување на новата цевка со дијаметар од 250 мм со постоечката цевка со дијаметар од 200 мм. При изведбата беа вградени дуктилно – лиени железни цевки и соодветни фасонски парчиња и арматури, соопштуваат од Град Скопје.

Слични содржини