Без согласнот од Град Скопје, Советот на општина Ѓорче Петров викендов на седница изгласале измени на Деталниот урбанистички пан (ДУП) со кој драстично се зголемени од 5 ката + поткровје, на 20 ката + поткровје дозволените градби на улицата „Ацо Шопов“, информира денеска на прес-конференција градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.
Како што појасни градоначалничката Арсовска, согласнот за ДУП-от имало само од Агенцијата за катастар на недвижности, а Град Скопје дале две негативни мислења.
Градот Скопје, како што најави Арсовска, ќе поднесе кривична против градоначалникот на општина Ѓорче Петров Александар Стојковски, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, претседателот на Советот на општина Ѓорче Петров, Ленче Нелоска и Весна Андрееска, вработена во Министерството за транспорт и врски.
Од Уставниот суд, пак, ќе побара со времена мерка да ја запре примената.